„Квадратен метар“ не е само наслов на изложбата — тоа е концептуална рамка што отвора простор за експеримент и личен израз. Оваа изложба претставува веќе традиционално годишно собирање на членовите на Фото клуб ЕЛЕМА, кои се претставуваат пред јавноста без тематски ограничувања, без зададени форми и без очекувања да се вклопат во стандардните фотографски клишеа.

Секој автор добива симболичен простор од еден квадратен метар — доволно за да се изрази, а истовремено доволно ограничено за да ја поттикне креативноста. Тој квадратен метар може да биде исполнет со фотографија, видео работа, инсталација… Границите се поставени само физички, додека идејно се целосно отворени.

„Квадратен метар“ е, на крајот, повеќе од мерка на простор. Тоа е мерка на слобода — и токму тоа е суштината на оваа изложба.

Изложба ќе трае до 28.10

Текстот „Квадратен метар“ – Годишна изложба на членовите на Фото клуб „Елема“ е превземен од МАКФАКС.