Легендата на Ливерпул, Дирк Кајт ги повика клупските челници да стават крај на сагата за иднината на Мохамед Салах и Вирџил ван Дaјк со продолжување на нивните договори. Интересно, Кајт не го спомна Трент Александар-Арнолд.

„Вирџил го води тимот на брилијантен начин и во исто време игра на највисоко ниво“, рече Кајт во интервју за „Атлетик“.

„Не му беше лесно да се врати по таа страшна повреда, да издржи критики, но тој игра неверојатна сезона, искрено – уживам во секој момент кога го гледам. Наскоро ќе наполни 34 години, но сега фудбалерите можат подолго да играат на врвно ниво, што не беше случај во мое време. Истото важи и за Салах кој во јуни ќе наполни 33 години. Сите што навиваат за Ливерпул сакаат тие да потпишат нови договори веднаш, но ние не ги знаеме деталите. Се што можам да кажам е дека се надеваме, дека што е можно поскоро ќе добиеме знак дека тие ќе останат во клубот, бидејќи и понатаму се меѓу најдобрите во светот“, рече Кајт.

Наводно, преговорите со Салах и Ван Дијк се уште се во тек, додека Александар-Арнолд наводно одбил уште една понуда и е се поблиску до преселба во Реал ова лето.

Текстот Кајт: Сите навивачи на Ливерпул сакаат Мо и Вирџил да останат во клубот е превземен од МАКФАКС.