Европа мора да ја поддржи Украина сега повеќе од кога било досега, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. Претходно денеска, Калас објави дека министрите на ЕУ го одобриле 16-тиот пакет санкции против Русија, кој таа го опиша како „најсеопфатен“ досега, пренесува Ројтерс.

„Тие влијаат на сè, од бродови на флота во сенка до контролори на игри што се користат за контрола на беспилотни летала. Сега ги имаме најсеопфатните санкции досега, што ги ослабува руските воени напори“, рече Калас на социјалната мрежа X.

Калас, исто така, рече дека утре ќе отпатува во САД за да разговара со американскиот државен секретар Марко Рубио за руско-американските преговори за Украина.

„Можете да разговарате за што сакате со рускиот претседател Владимир Путин, но ако се работи за Европа или Украина, тогаш Украина и Европа треба да се согласат со овој договор“, рече Калас.

Текстот Каја Калас: Европа мора да ја поддржи Украина сега повеќе од кога било досега е превземен од МАКФАКС.