Катар, кој е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, им го предал на Израел и на палестинската милитантна група Хамас „конечниот“ нацрт на договорот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, дизајниран да стави крај на војната во Газа, изјави неименуван функционер за Ројтерс денеска.
Официјалниот претставник рече дека е постигнат напредок во разговорите во катарскиот главен град Доха по полноќ по разговорите во кои учествуваа шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, американскиот претставник за Блискиот Исток и катарскиот премиер.
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата за напорите да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека Бајден во телефонски разговор ја истакнал итната потреба од прекин на огнот во Газа.
Текстот Катар им го предаде „конечниот“ нацрт договор за прекин на огнот на Израел и Хамас е превземен од МАКФАКС.