По организацијата на фудбалското Светско првенство во ноември и декември минатата година, Катар и неговиот главен град Доха ќе бидат домаќини и на најдобрите светски кошаркари во 2027 година, објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Според првиот човек на оваа организација, Хаман Нианг, тоа ќе биде еден од најдобро организираните Мундобаскети досега.
Мундобаскетот во Катар ќе брои 32 учесници и исто како и неодамна одржаниот Мундијал, навивачите кои доаѓаат во Доха ќе имаат можност во живо да ги проследат сите натпревари одиграни во еден ден./Gol.mk/