Каролина Бjелавска од Полска победи на 70. издание на изборот за Мис на светот. Прва придружничка Мис на Северна и Јужна Америка, Шри Саини, оф САД, а втора придружничка е Мис Африка, Оливија Јејс, од Брегот на Слоновата Коска.
„Мис на светот 2021“ се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот бил првично закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата – затоа беше одржан дури вчера.
Our Miss World 2021 is Karolina Bielawska from Poland! #missworld pic.twitter.com/jYkjbylUub
— Miss World (@MissWorldLtd) March 17, 2022
Тони-Ен Синг од Јамајка ја круниса Каролина Бјелавска како нејзина наследничка.
Во однос на континенталните победнички, Мис Европа е Ана Лич од Северна Ирска, Мис на Азија и Океанија е Карла Јулес, а Мис Кариби е Порториканката Арјам Дијаз.