Најдобриот светски шахист пристигна облечен во фармерки на претпоследниот ден од Светското првенство во брз шах, но ФИДЕ го казни со 200 долари и му нареди да се пресоблече бидејќи фармерките не се на списокот на дозволена облека за Светското првенство.
Тој одби и доброволно го напушти натпреварувањето пред деветтото коло, отстапувајќи му ја титулата светски првак во брз шах на Володар Мурзин и најави дека нема да ја брани титулата ниту во брзпотезен шах.
„Тие можат да ги спроведуваат сопствените правила, јас немам проблем со тоа, но мојот одговор е: „Во ред, се откажувам. Е.те се,“ рече 34-годишниот.
ФИДЕ сфати колку губи со заминувањето на Карлсен, па реши да попушти и среде натпреварувањето ги смени правилата за да го задржи најдобриот шахист на светот.
Беше објавено дека сега е дозволено да се носат „соодветни фармерки“ кои мора да одговараат на бојата на палтото.
По таа одлука, 34-годишниот Норвежанец реши да се појави на Светското првенство во брз шах што започнува овој понеделник.
Текстот Карлсен се враќа на Светското првенство во фармерки е превземен од МАКФАКС.