Кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата земја, затоа доминираат на новата позитивна листа, изјави д-р Мерием Хаџи Хамза, советничка за фармацевтски политики во Агенцијата за лекови и медицински средства во Македонија (МАЛМЕД), која е дел од Комисијата за позитивна листа.

Д-р Мерием Хаџихамза, советничка за фармацевтски политики во МАЛМЕД/Фото: принтскрин од видео

На листата доминираат лекови претежно да кардиоваскуларни заболувања. Критериумите кои се воспоставени во правилникот за позитивната листа се европски пракси коишто ги опфаќаат сите аспекти на употребата на лекот, поаѓајќи од терапевтското значење на лекот, од аспект на јавното здравје, економски, социјален, етички аспект.  Самиот факт што кардиоваскуларните заболувања се најзастапени во нашата држава, ја наметнува потребата овие лекови во моментов да се приоритет. Се работи за генерички лекови кои во овој момент ќе генерираат трошоци толку колку што Фондот за здравство може да ги покрие. Со овие лекови се поодбрува кавлитетот на животот на тие пациенти, а тоа е бенефит и за државата, оти здрави пациенти нема да ви земаат боледувања и индиректно го штедат државниот буџет, изјави д-р Хаџи Хамза.

Министерот Таравари кажа дека ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа и ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа. Тој најави дека во иднина на листата ќе се најдат и иновативни лекови и повеќе онколошки препарати.

Ставањето на нови лекови на позитивната листа значи дека пациентите ќе добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт, на товар на државата, наместо да ги купуваат од џеб и поскапо.

Позитивната листа на лекови не беше ажурирана повеќе од една деценија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.