Британската манекенка Кара Делевињ оваа година го посети популарниот музички фестивал Коачела и покажа голема трансформација по започнувањето на лекувањето од зависност од алкохол.

На фестивалот кој се одржа во калифорниската пустина, Кара ги посети Capital Records Party и Revolve забавата, а нејзиното доаѓање не остана незабележано со оглед на нејзиниот изглед и енергија.

Делевињ го започна своето лекување во 2022 година, кога реши да се пријави на програма за рехабилитација, набргу откако се појавија фотографии на кои изгледа исцрпено и нервозно.

Оттогаш измина долг пат, а сега блескаво изгледаше во Коачела, облечена во црни шорцеви и кафена маичка. Аутфитот го комплетираше со сандали од Прада, златни обетки и алки.

Во интервју за Variety, Кара отворено зборуваше за своето патување до трезвеноста, нагласувајќи ја важноста на комуникацијата и искреноста со себе.

„Ако јас можам да го направам тоа, секој може да го направи“, рече таа. Кара додаде дека процесот на закрепнување е исклучително предизвикувачки, но дека е важно да бидете искрени и отворено да зборувате за вашата борба.

Во неодамнешното интервју за Vogue, таа ја објасни својата одлука да влезе во програма за рехабилитација, велејќи дека сфатила дека тоа е најдобриот начин да се постигне долгорочно закрепнување, бидејќи тоа е „лекување и нуди заедница која ви помогна да закрепнете“.

Оваа година, Кара рече дека лекувањето од зависност е клучно за нејзината емоционална стабилност. „Понекогаш мислев дека дрогата и алкохолот ми помагаат подобро да се справам со животот, но всушност ме правеа тажна и депресивна. Сега се чувствувам како да ја повратив моќта“, заклучила таа.

Текстот Кара Делевињ ја покажа големата трансформација по борбата со зависноста е превземен од МАКФАКС.