Баерн Минхен вчера доживеа болна елиминација во Лигата на шампионите, што е дополнителен шок и за фановите кои деновиве ги следеа шпекулациите за заминувањето на првата ѕвезда на бундеслигашот.
Полските медиуми пренесоа дека Левандовски го информирал раководството на Баерн дека планира да замине во Барселона и нема да остане во клубот по завршувањето на оваа сезона.
Сепак, извршниот директор Оливер Кан вчера во изјава за „Прајм“ потенцирал дека Баварците не планираат да дозволат ваков развој на настаните.
– Сигурно ќе биде со нас барем уште една сезона.
– Не сме луди да дозволиме трансфер на фудбалер кој постигнува по 30-40 гола во текот на една сезона, – изјавил Кан.
Извор: Дерби