Марија Ковалчук (20), украинската манекенка, која беше пронајдена со страшни повреди во Дубаи откако „падна од височина“, според последните информации, по четврти пат е успешно оперирана. Она што се прашуваат многумина е што правела вечерта и како се нашла таму.
Имено, како што пишува порталот „АОЛ“, во истражување спроведено од „Телеграм“ каналот „Маш“ бил пронајден нејзиниот онлајн профил, каде нудела услуги за возрасни во Барселона за 500 евра, без разлика на полот или бројот на клиенти. Исто така, наводно, известуваат дека имала проблеми со зависност од недозволени супстанци.
Се верува дека Ковалчук била во индустријата некое време и дека нејзината мајка била свесна за тоа.
Според каналот, 20-годишната девојка наводно учествувала во оргии во Дубаи и заработувала со давање сексуални услуги и екстремни фетиши.
И додека Ковалчук можеби навистина паднала од зграда во изградба, постои сомневање дека тоа се случило откако се обидела да побегне од клиенти кои ја нападнале. Се сомнева дека присуствувала на забава организирана за членови на „високото општество“.
Овие таканаречени оргии „Порта Поти“ наводно се доста вообичаени, а жените биле изложени на малтретирања, физичко насилство, и исполнување на највалканите фантазии.
Адвокатката Катја Гордон за „Сан“ објасни колку се опасни овие забави и покрај примамливите парични награди.
„Постојат видеа на кои шеиците наводно удираат девојки, им ја потстрижуваат косата и им прават разни други работи“, рече таа, наведувајќи ги бројните приказни што се појавија во светлината на ужасниот настан.
Пријателите на Ковалчук негираат дека манекенката би учествувала на овие забави.
Иако ова е веројатната теорија што довела до пад на моделот, властите сè уште се обидуваат да ја состават рамкатаа бидејќи работите се малку матни без приказната на Марија. Таа неодамна излезе од кома и сè уште не може да зборува.
Прелиминарните информации наведуваат дека украинската манекенка пристигнала во Дубаи на 15 февруари. Таа била на одмор со својата пријателка, руската манекенка Анџелина Дорошенкова, која набргу потоа се вратила дома.
Марија Ковалчук ја немаше осум дена откако на пријателите им кажала дека е поканета на забава во хотел на 9 март. Моментално се наоѓа во болница каде што беше успешно оперирана по четврти пат. Таа е свесна, но се уште не е доволно добро да може да зборува.
Текстот Канал на „Телеграм“ истражуваше со што се занимавала Украинката пред да биде најдена покрај пат во Дубаи е превземен од МАКФАКС.