Поранешниот репрезентативец на Италија, Фабио Канаваро реши да ја прокоментира позицијата во која се најде Италија во битката за пласман на СП.
Италија ќе игра со Македонија во полуфиналниот бараж, што за многумина е непредвлива задача за фаворитот.
„Верувам дека нема од што да се плашиме, нормално секој противник заслужува почит. Но, Италија не треба да се плаши од репрезентација како што е Македонија, ако нашите момци одиграат како на Европското Првенство, воопшто нема да имаат проблем за пласман во финалето од баражот.“ – изјави Канаваро.