По шокантната вест дека холивудскиот актер Алек Болдвин со пиштол ја убил директорката на фотографија, Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Раст“ и го ранил режисерот Џоел Соуза, странските медиуми објавија дека актерот не знаел дека во оружјето имало вистински куршуми.

Advertisements

Како што објави порталот „Deadline“, инцидентот се случил за време на проба, а „главниот член на актерската екипа… пукнал со пиштолот несвесен дека во него има вистински куршуми“.

Инцидентот го потврди и портпаролот на продукцијата кој за „Deadline“ рекол дека инцидентот се случил  како последица на „грешка во пукање со реквизит-пиштол со ќорци“. Снимањето на вестерн филмот е прекинато, а филмскиот град е ставен во блокада.

Прикажи повеќе