ОЛЕГ УСАТЕНКО
Ексклузивно за ЦивилМедиа
Режимот на путин критично зависи од тоа да има на располагање голем број ракетно-артилериско оружје и муниција, вклучително и ракетно оружје со долг дострел, бидејќи се обидува да го промени текот на војната против Украина во своја полза токму со нивната масовна и неселективна употреба.
По неуспехот на плановите на рф за брза напаѓачка војна против Украина во стилот на т.н. „блицкриг“, режимот на путин се обидува да ја постигне својата цел за уништување на независноста на Украина со употреба на злосторнички методи на далечинско, значително или целосно уништување на воени и цивилни објекти во Украина и извршување на терористички акти против украинскиот народ за време на неговата планирана војна на истоштување.
Наведениот „нов пристап“ на кремљ кон агресијата против Украина бара огромна количина ракетно-артилериско оружје и воена опрема, соодветна муниција, вклучително и опасните за Украина ракети „Кинжал“, „Искандер-М“, крстосувачки ракети со воздушно базирање Х-101, крстосувачки ракети со морско базирање „Калибр“, како и воздушните наведувани бомби произведени од одбранбената индустрија на рф од увезени компоненти и со користење на напредни увезени технологии и опрема.
Методот на руското целосно далечинско и неселективно уништување на воени и цивилни објекти во Украина, како и извршување на терористички акти против украинскиот народ, спаѓаат во меѓународната дефиниција за „воено злосторство“, па затоа одбранбената индустрија на рф, како извор за производство и обезбедување алатки за злосторствата на режимот на путин, вклучително неговите раководители и работници се легални објекти не само на меѓународни санкции и морална осуда, туку и на судско гонење до степен на нивна свесна вклученост во спроведувањето на злосторничките планови на кремљ.
Режимот на путин вложува максимални напори да ја пренесе економијата на рф на т.н „воени шини“, а нејзина поддршка во оваа насока се интересите и активностите во областа на одбранбената индустрија на рф на водечките руски „олигархиски кланови“ зависни од кремљ.
Режимот на путин свесно вложува максимални напори да ја префрли економијата на рф на т.н „воени шини“ како механизам за зачувување на сопствената неограничена власт во рф. Другите насоки на развојот на економијата и социјалната политика на рф се јасно понижувачки, а натамошната војна со Украина веќе отворено се објавува од страна на властите на рф како наводна „гаранција за развојот и зачувувањето“ на рф.
Главната поддршка на кремљ во сферата на активностите на одбранбената индустрија на рф се интересите и активностите на водечките руски „олигархиски кланови“ зависни од кремљ, кои се тесно интегрирани во политичкиот и економскиот систем на руската влада, вршат директно управување и оперативна поддршка на одбранбената индустрија на рф.
Меѓу највлијателните и најпознатите претставници на т.н. „олигархија“ и „бизнисмени“ на рф, кои се директно вклучени во злосторничката војна против Украина во рамки на активностите на одбранбената индустрија на рф, а исто така водат „бизнис“ на привремено окупираните територии на Украина се истакнуваат: Јуриј Ковалчук („идеологот на војната“ против Украина, личен „пријател“ и „финансиер“ на путин), Генадиј Тимченко, Алексеј Мордашов, Владимир Потанин, Владимир Лисин, Вагит Алекперов, Леонид Микелсон, Алишер Усманов, Андреј Мелниченко, Сулејман Керимов, Михаил Фридман, Роман Абрамович, Михаил Прохоров, Виктор Рашников, Леонид Федун, Герман Хан, Искандар Махмудов, Виктор Векселберг, Андреј Скоч, Алексеј Кузмичев, Александар Абрамов, Игор Алтушкин, Андреј Козицин, Пјотр Авен, Игор Кесаев, Сергеј Гордеев, Олег Дерипаска, Владимир Евтушенков, Александар Фролов, Аркадиј Ротенберг, Борис Ротенберг, Александар Скоробогатко, Алексеј Репик, Андреј Бокарев, Михаил Гуцериев, Дмитриј Пумпјански, Роман Троценко, Аркадиј Волож, Александр Мамут, Сергеј Колесников, Игор Рибаков, Михаил Шелков, Владимир Богданов, Саид Гуцериев, Иван Саввиди, Леонид Симановски, Пјотр Кондрашев, Фархад Ахмедов, Андреј Косогов, Ајрат Шајмиев, Игор Кудрјашкин, Едуард Чухлебов, Радик Шајмиев, Евгениј Касперски, Андреј Комаров, Рустем Султеев, Алберт Шигабутдинов, Борис Зингаревич, Генадиј Козовој, Рубен Варданјан, Сергеј Махлај, Филип Генс, Борис Нуралијев, Игор Ротенберг, Иван Стрешински, Андреј Кузјаев, Константин Николаев, Дмитриј Мазепин, Кирил Шамалов, Сергеј Шишкарев, Дмитриј Алексеев, Григориј Березкин, Владимир Иванов, Арсен Каноков, Дмитриј Стрежњев, Јуриј Антипов, Владимир Мелников, Александр Аристов, Александар Верховски, Виталиј Машицки, Александр Вагин, Сергеј Генералов, Евгениј Зубицки, како и други лица, нивните деструктивни антиукраински активности, вклучително и во сферата на активностите на одбранбената индустрија на рф и обезбедување на водење на злосторната војна на режимот на путин против Украина, потврдено со документи.
Во овој контекст, треба да се истакне дека самите руски „олигарси“ не се независни во своето дејствување во сферата на политиката и бизнисот, туку се практично формални и неформални агенти, или воопшто „елитни“ офицери на специјалните служби на рф „под покритие“.
Така, основата на функционалниот механизам на одбранбената индустрија на рф не се официјални, наводно „државни претпријатија“, туку всушност неформални, злосторни организирани политичко-економски групи со учество на т.н. „олигарси“ и претставници на највисоките власти на рф, кои намерно го контролираат производството на оружје и воена техника во рф во различни насоки и, соодветно, добиваат значителен личен приход, со што војната на рф со Украина ја претвораат во крајно профитабилен личен циничен „бизнис“. Горенаведеното неминовно го има следниот логичен и непобитен заклучок – за да се запре деструктивното функционирање на одбранбената индустрија на рф, потребни се не само исклучително строги секторски меѓународни санкции, туку и ефективни мерки на насочено влијание со ограничување на имотот и другите права и можности, примена на други санкции и правно влијание конкретно против т.н. на руски „олигарси“ кои работат во сферата на одбранбената индустрија на рф.
Олигарсите зад злосторствата и теророт: Воената индустрија на државата-терорист
Оваа анализа вклучува и листа на потврдени т.н. „руски олигарси“ и „бизнисмени“ кои се директно поврзани со снабдувањето со производи и услуги за одбранбената индустрија на рф за потребите на производството.
Ракетно и авијациско оружје
Компании и олигарси директно поврзани со снабдувањето со ракетно и авијациско оружје се: (називите и имињата се во оригинал, на руски јазик)
Воткинский завод (балистички ракети, вклучително и „Искандер-М“)
- Виктор Рашников, Виктор Вексельберг, Олег Дерипаска, Владимир Евтушенков, Дмитрий Пумпянский, Михаил Шелков, Андрей Комаров, Филипп Генс, Евгений Зубицкий
Научно-производственное предприятие “Радуга”
- Владимир Евтушенков
„Государственный научно-исследовательский институт машиностроения им. Бахирева“
- Виктор Вексельберг, Игорь Кесаев, Олег Дерипаска, Юрий Ковальчук та Евгений Зубицкий
„Конструкторское бюро машиностроения“ (ИНН:7722307636)
- Владимир Евтушенков
Уральское проектно-конструкторское бюро „Деталь“ (вклучувајќи самонаведувачки глави за ракети)
- Владимир Евтушенков, Сергей Генералов
Опытное конструкторское бюро „Новатор“ (вклучувајќи крстосувачки ракети „Калибр“, ИНН: 6673092045)
- Алишер Усманов, Виктор Вексельберг, Андрей Скоч, Владимир Евтушенков, Юрий Ковальчук, Михаил Шелков, Филипп Генс, Иван Стрешинский, Евгений Зубицкий
Арзамасское научно-производственное предприятие „Темп-Авиа“
- Владимир Евтушенков, Юрий Ковальчук
Федеральный научно-производственный центр „Титан-Баррикады“ (вклучувајќи го производството на лансирачи за ракетните комплекси „Искандер-М“, „Топол-М“, „Јарс“, ИНН: 3442110950)
- Игорь Кесаев
ОДК „Сатурн“
- Виктор Вексельберг, Юрий Ковальчук, Михаил Шелков
ОДК „Уфимское Моторостроительное Производственное Объединение“ (мотори со гасна турбина за воена употреба)
- Михаил Шелков, Евгений Зубицкий
Научно-исследовательский институт физических измерений (ракетни сензори, ИНН: 5836636246)
- Владимир Евтушенков, Юрий Ковальчук
Како што може да се забележи, дел од имињата на луѓето што ги поседуваат или управуваат овие компании се повторуваат во повеќе од нив.
Електроника и електрични уреди во одбранбената индустрија
Електрониката и електричните уреди во воената опрема, оружјето и средствата за транспорт, се исклучително важни компоненти на вооружувањето. Компании што обезбедуваат електронска база, и се занимаваат со производство на електронски уреди и електрична опрема во областа на одбранбената индустрија на рф се:
Научно-исследовательский институт полупроводниковых приборов (ИНН: 7017084932)
- Владимир Лисин, Олег Дерипаска, Владимир Евтушенков, Сергей Генералов
Компаниите Научно-исследовательский институт электронной техники (ИНН: 3661057900), Научно-производственное предприятие „Элтом“ (ИНН: 5027106028) и Научно-исследовательский институт электронно-механических приборов вршат „замена за увоз“ на отпорници за прилагодување во производи од САД и Јапонија (ИНН: 5834054179)
- Владимир Евтушенков
Завод „Фиолент“ (привремено окупирана територија Автономна Република Крим, ИНН: 9102048745)
- Виктор Рашников, Владимир Евтушенков, Михаил Шелков
Производител на кондензатори со двојна намена е Научно-исследовательский институт „Гириконд“ (ИНН: 7802144144)
- Игорь Кесаев
Производство на барут и експлозиви
Следи краток преглед на претпријатија наменети за производство на барут и експлозиви.
Пермский пороховой завод
- Добавувачи: Леонид Михельсон, Геннадий Тимченко, Михаил Фридман, Герман Хан, Искандар Махмудов, Алексей Кузьмичев, Андрей Козицын, Пётр Авен, Андрей Бокарев, Андрей Косогов, Айрат Шаймиев, Игорь Кудряшкин, Эдуард Чухлебов, Радик Шаймиев, Рустем Сультеев, Альберт Шигабутдинов, Дмитрий Мазепин, Кирилл Шамалов
„Казанский государственный казенный пороховой завод“
- Алексей Мордашов, Владимир Евтушенков, Айрат Шаймиев, Радик Шаймиев, Рустем Сультеев, Альберт Шигабутдинов, Филипп Генс, Игорь Ротенберг, Константин Николаев, Дмитрий Мазепин
Завод имени Я. М. Свердлова (вклучувајќи го и производството на воздушни бомби ФАБ-500)
- Леонид Михельсон, Геннадий Тимченко, Алишер Усманов, Виктор Вексельберг, Андрей Скоч, Игорь Кесаев, Олег Дерипаска, Владимир Евтушенков, Юрий Ковальчук, Леонид Симановский, Фархад Ахмедов, Иван Стрешинский, Дмитрий Мазепин, Кирилл Шамалов
Калиновский химический завод (испорачува амонит на претпријатијата „Казанский государственный казенный пороховой завод“ и „Завод им. Свердлова“)
- Дмитрий Мазепин
„Бийский олеумный завод“ (од 2020 година во состав на Заводу ім. Я. М. Свердлова)
- Владимир Лисин, Леонид Михельсон, Геннадий Тимченко, Роман Абрамович, Виктор Вексельберг, Александр Абрамов, Олег Дерипаска, Владимир Евтушенков, Александр Фролов, Юрий Ковальчук, Роман Троценко, Геннадий Козовой, Дмитрий Мазепин, Кирилл Шамалов, Сергей Шишкарёв та Александр Вагин
Комбинат Каменский (ИНН: 6147025090)
- Леонид Михельсон, Геннадий Тимченко, Владимир Евтушенков, Юрий Ковальчук, Кирилл Шамалов
Комплетниот список на лицата вклучени во активностите на различни претпријатија од одбранбената индустрија на рф, документарен список на соодветни производи и услуги, странски имот на „бизнисмени“, како и меѓународни санкции е објавен во публикацијата Silicon Lifeline: Western Electronics at the Heart of Russia’s War Machine на британскиот тинк-тенк РУСИ (Royal United Services Institute).
Негативен ефект на преминувањето на „воени шини“
Преминувањето на руската економија и индустријата на т.н. „воени шини“ има и ќе продолжи да има значителен негативен внатрешно-руски ефект.
Милитаризацијата на економијата на рф, нејзината потчинетост на потребите на функционирањето и повластениот развој на одбранбената индустрија на рф веќе има и ќе продолжи да има исклучително негативен ефект врз економската и социополитичките состојби во рф, со оглед на тоа дека ги игнорира клучните потреби на цивилниот сектор и социјалните потреби за нормален развој на општеството.
Производите од одбранбената индустрија на рф, во услови на безусловно прекинување на надворешната специјализирана трговија во рамки на воено-техничката соработка, се наменети само за употреба во војната против Украина, во принцип се потрошни и непрофитабилни, ја стимулираат внатрешната инфлација во рф и нерамнотежата во надворешната трговија при добивање на компоненти и стратешки суровини од земјите „партнери“. Покрај тоа, наведените ситуациони надворешни „партнери“ и шпекулативните „трети посредници“, согледувајќи ја незаменливата зависност на одбранбената индустрија на рф од овие снабдувања, поставија своја, надуена цена за нивниот „производ“.
Зголеменото функционирање на одбранбената индустрија на рф создава не само општествена тензија, која постепено се акумулира како резултат на интензивната и опасна експлоатација на работниците од одбранбената индустрија на рф во рамки на практиката на „деноноќно одбранбено производство“, но исто така значително го зголемува еколошкиот притисок врз животната средина, а со тоа и врз состојбата на здравјето и благосостојбата на населението на рф. Веќе сега, во многу индустриски центри на рф со висока концентрација на претпријатија од одбранбената индустрија или поврзани со неа индустрии, состојбата на животната средина се оценува како исклучително опасна за живеење.
Покрај тоа, руските претпријатија од одбранбената индустрија се извор на индустриски и други смртно опасни инциденти и катастрофи за нивните вработени, чиј значителен ризик не вреди за добиената плата, а научниците-развивачи на ракетата ОТРК (оперативно-тактички ракетен систем) „Кинжал“ дури ги апсат и обвинуваат во рф за „државен заговор“ заради нивната чисто научна дејност.
Критична зависност
Одбранбената индустрија на рф е критично зависна од снабдувањето со увезени компоненти и стратешки суровини за многу оружјa и воена техника и муниција произведена во рф, како и од снабдувањето со специјализирана увезена технолошка опрема и технологии.
Истражувањата на квалификувани експерти и аналитички центри сведочат за критичната зависност на одбранбената индустрија на рф од снабдувањето со увезена технолошка опрема и технологии, како и компоненти за производство на руско високотехнолошко вооружување, вклучително и ракети Х-47М2 „Кинжал“, ОТРК „Искандер-М“, крстосувачки ракети со воздушно базирање Х-101, крстосувачки ракети со морско базирање „Калибр“, како и контролни единици за беспилотни летала за различни намени и наведувани воздушни бомби.
Познато е дека значајна улога во обезбедувањето на снабдување со санкционирани производи за задоволување на потребите на одбранбената индустрија на рф тајно одиграле странски производствени компании, вклучително во САД и други западни земји, како и тоа дека сè уште се извршуваат од страна на бројни „транзитни“ и „посредни“ структури кои свесно ги прекршуваат барањата што се подразбираат под меѓународните санкции или ги прикриваат овие операции за целите на крајниот корисник во рф.
Производството на барут во претпријатијата од одбранбената индустрија на рф и, соодветно, производството на – опремени со експлозиви – артилерија, авијација и ракетна муниција, критично зависи од снабдувањето со специјализирани суровини, како што се целулоза од памук, првенствено од Узбекистан, чии претставници на секој начин се обидуваат да избегнат откривање информации за овие „деловни операции“.
За да се задоволат потребите на рф за увезени производи кои подлежат на санкции, вклучително и во интерес на одбранбената индустрија, широко е вклучен Казахстан, кој активно користи т.н. „сиви“ шеми и „паралелен“ увоз, а наведениот „пристап“ за заобиколување на санкциите е официјално одобрен од руската влада.
Стратешки фактори за функционирање на одбранбената индустрија
Кинески, севернокорејски и ирански стратешки фактори за функционирање на одбранбената индустрија на рф во услови на војна против Украина.
Последната посета на путин на НР Кина на 16-17 мај 2024 година и неговите преговори со кинескиот врховен водач Си Џинпинг го потврдија фактот за водечката важност на НР Кина за зачувување на режимот на путин, а при тоа Кина постепено политички и економски го апсорбира ослабениот корумпиран и зависен режим на путин.
Режимот на путин сѐ повеќе зависи од кинеската поддршка за руската економија, вклучително и во областа на одбранбената индустрија, како и од воено-техничката соработка со НР Кина, како директно, така и тајно, преку кинески партнери во Северна Кореја и Иран и други „посредници“.
Ефективни мерки за спротивставување на одбранбената индустрија на рф
Меѓу ефективните мерки за спротивставување на одбранбената индустрија на рф е и интензивирањето на напорите на западните земји за зајакнување на режимот на ефективни санкции против рф и нејзините земји „партнери“.
Водечките земји и меѓународните безбедносни организации, пред сè, САД, Велика Британија, Канада, земјите од ЕУ, НАТО и Обединетите нации, мора да ја покажат својата подготвеност за реализирање на сопствените стратешки приоритети, за да се обезбеди глобална и регионална безбедност, да се обезбеди прекин на снабдувањето со странски критични технологии, технолошка опрема, компоненти и суровини за потребите на одбранбената индустрија на рф.
Меѓу неопходните приоритетни и итни активности на западните земји со цел да се неутрализира деструктивната и опасна улога на одбранбената индустрија на рф е зајакнувањето на режимот на ефективни и сеопфатни санкции против рф, вклучително и во областа на увозните операции на рф за добивање на критични технологии, технолошка опрема, компоненти и стратешки суровини.
Најактуелни и неопходни такви мерки се блокирањето на соодветниот кинески, севернокорејски и ирански извоз, снабдувања од други земји, вклучително и од „сива“ и „транзитна“ природа, како и жестоки лични санкции против раководството на рф и руските „олигарси“ и „бизнисмени“ кои се вклучени во водењето злосторничка војна против Украина.
Ексклузивно за ЦивилМедиа
Линкови до изворите користени во оваа анализа:
Пресконференція Володимира Зеленського – основні тези (https://www.ukrinform.ua/rubric-polytics/3899466-preskonferencia-zelenskogo-osnovni-tezi.html)
Росія намагається втілити в життя свій план з руйнування та знелюднення України, – Agenda Pública (https://www.ukrinform.ua/rubric-society/3856073-rosia-namagaetsa-vtiliti-v-zitta-svij-plan-z-rujnuvanna-ta-zneludnenna-ukraini-agenda-publica.html)
- Бій на виснаження. Як Путін готується до затяжної війни та “мілітаризує” Росію (https://www.rbc.ua/rus/news/biy-visnazhennya-k-putin-gotuetsya-zatyazhnoyi-1715716283.html)
Наймасованіші ракетні атаки по Україні (https://www.ukrinform.ua/rubric-ato/3899426-najmasovanisi-raketni-ataki-po-ukraini.html)
Х 101 – що відомо про цю крилату ракету (https://mil.co.ua/h-101/)
- росіяни модернізували свої крилаті ракети Х-101 — полковник Микола Данилюк (https://armyinform.com.ua/2023/02/16/rosiyany-modernizuvaly-svoyi-krylati-rakety-h-101-polkovnyk-mykola-danylyuk/)
- Носители “Калибров” в Черном море готовы к применению: что известно об этих вражеских ракетах
https://24tv.ua/ru/kalibr-rakety-harakteristiki-i-cena-oruzhija-kotoroe-rossija-vypuskaet-po-ukraine-24-kanal_n2253487#1 (https://24tv.ua/ru/kalibr-rakety-harakteristiki-i-cena-oruzhija-kotoroe-rossija-vypuskaet-po-ukraine-24-kanal_n2253487) - Кто работал на войну (https://war-proekt.media/spisok-oligarkhov/)
- Російські регіони зіткнулися з найбільшим за два роки уповільненням економіки (https://www.blackseanews.net/read/221349)
- Розвідка Британії: Економіка РФ ризикує перегрітися через інфляцію та війну в Україні (https://www.blackseanews.net/read/210500)
- Silicon Lifeline Western Electronics at the Heart of Russia’s War Machine, James Byrne, Gary Somerville, Joe Byrne, Jack Watling, Nick Reynolds And Jane Baker, August 2022 (https://ee.cdnartwhere.eu/wp-content/uploads/2022/08/RUSI-Silicon-Lifeline-final-updated-web_0.pdf)
- Focus: The chip challenge: Keeping Western semiconductors out of Russian weapons, 01.04.2022 (https://www.reuters.com/technology/chip-challenge-keeping-western-semiconductors-out-russian-weapons-2022-04-01/)
- Report details restricted European and US tech in Russian weapons in Ukraine, 10.08.2022 (https://www.eenewseurope.com/en/report-details-restricted-european-and-us-tech-in-russian-weapons-in-ukraine/)
Фирмы из Латвии, помогают РФ выпускать ракеты «Кинжал» (https://nashrezekne.lv/firmy-iz-latvii-pomogayut-rf-vypuskat-rakety-kinzhal/)
- A Reuters Special Report. As Russian missiles struck Ukraine, Western tech still flowed, Aug. 8, 2022 (https://www.reuters.com/investigates/special-report/ukraine-crisis-russia-missiles-chips/)
- Russia and China look at the Future of War, Matthew McInnis, ISW Press, 14.09.2023 (https://www.understandingwar.org/backgrounder/russia-and-china-look-future-war)