Екстремните температури и топлината која држи уште долго во ноќта, направи проблеми за многу луѓе кои се борат со несоница. Премногу топлото време и постојаното потење едноставно им го нарушуваат сонот на многумина.
Постојат неколку мали трикови со кои ќе ви се подобри сонот:
Дури и преку ден, затемнете ја спалната соба. Ова ќе спречи прегревање, но и ќе ви овозможи подобро да спиете. Човечкото тело едноставно се буди кога ќе го погоди првиот зрак светлина, а во лето денот трае исклучително долго.
Погрижете се да се истуширате со топол туш пред спиење.
Најдете средство против комарци со убав мирис и ставете го во спалната соба.
Оставете го клима уредот да работи цел ден и намалете ја температурата пред вечер, а исклучете го во текот на ноќта.
При варење, телото произведува енергија и се загрева. Тоа не се големи разлики во температурата, но во лето значи се. Затоа, јадете лесно сварлива храна и избегнувајте шеќери и масти пред спиење.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.