Ако некогаш сте се сомневале колку сте интелигентни, тоа всушност може да биде знак дека веќе сте над просекот. Овој феномен е познат како Данинг-Кругер ефект. Но, постојат некои други знаци што укажуваат дека сте натпросечно интелигентна личност.Оние што имаат натпросечна интелигенција имаат желба за знаење. Од обидот да останат на врвот на трендовите до гледање вести, тие активно бараат нови информации и уживаат во учењето. Можете да ги наречете доживотни ученици бидејќи кај нив учењето никогаш не престанува.
Вештини за решавање проблеми
Ако одлично решавате сложени проблеми, веројатно сте поинтелигентни отколку што мислите. Можете да решавате комплицирани загатки без напор, доаѓајќи до решенија што другите можеби не ги зеле предвид. Вашиот ум може природно да има тенденција да препознава обрасци и да создава врски што не се толку очигледни.
Аналитички ум
Друг начин да утврдите дали имате натпросечна интелигенција е тоа што се истакнувате во разградувањето на сложените концепти на поедноставни компоненти. Способноста да се поедностави сложеноста е показател за супериорната моќ на мозокот.
Премногу се грижите
Прекумерната грижа е, исто така, знак дека сте натпросечно интелигентни. Според истражување објавено во „Персоналити енд индивидуал диференсес“, луѓето со повисок коефициент на интелигенција се грижат повеќе од вообичаено.
Висока емоционална интелигенција
Ако имате чувство на самосвест, емпатија и способност да ги разберете и ефикасно да управувате со емоциите, тоа укажува на зголемено ниво на интелигенција. Емоциите создаваат или уништуваат врски, а способноста да се користат соодветно е многу важна и вредна вештина.
Смисла за хумор
Смислата за хумор значи интелигенција, но способноста да ги насмеете другите е знак на висока интелигенција. Истражувачите од Универзитетот во Ново Мексико и Универзитетот во Западен Онтарио открија дека хуморот е знак на основната когнитивна способност.
Вешта комуникација
Уште еден знак што укажува на натпросечна интелигенција е способноста за ефективно комуницирање. Без разлика дали во разговор или пишување, убедливото пренесување на вашата порака често е атрибут на ментално стабилни и способни лица.