Секој маж има свои желби кога се жените во прашање. Па затоа ви нудиме неколку знаци кои ако ги забележите кај припадниците на посилниот пол ќе знаете дека не сакаат ништо повеќе од флерт.
# Превртлив е…тоа значи дека еден ден сериозно кокетира со вас, а другиот ден нема ни да ви се јави. Па потоа повторно по некој ден ќе се обиде да ве заведе.
Мажот кој вистински е заинтересиран за вас, ќе најде време да ви се јави и да ви одговори на вашата порака, без разлика колку е зафатен.
# Не прави планови…Ако на вашето прашање од типот “Ќе одиме ли во недела во кино?“, а денес е вторник ќе заврши со тоа што ќе ја смени темата, верувајте дека е заинтересиран само за забава, а не да се држите за рака додека гледате романтична комедија.
# И со другите жени се однесува исто како со вас…ако забележите дека флертува и со другите девојки како со вас, се е јасно.