Можете да биде обична жена, а можете да бидете и дама која држи до себе и секогаш го добива она што го сака. Секоја етапа од вашиот живот е нова можност за докажување, па затоа добро осмислете ги своите цели и храбро тргнете во поход.
Маргарет Тачер во една прилика рекла: Да се има моќ, е исто како да се биде дама. Ако морате да им кажувате на луѓето дека сте, тогаш не сте.
Затоа секогаш трудете вашите постапки да говорат за вашата личност и вашиот став, наместо да им објаснувате на луѓето кои сте.
Не пренесувајте муабети – трачарењето е забавно, но нема да ве однесе никаде. Држете до себе и секогаш бидете еден чекор пред ситуацијата.
Не потиснувајте ги чувствата – со самодовербата доаѓа и способноста да се зборува онака како што се мисли, а не да се кажува она што другите сакаат да го слушнат.
Не правете компромис со себе – живејте правилно и удобно. Направете баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, редовниот сон и правилната исхрана.
Не ги молете луѓето – кога сте самоуверена жена не ви се потребни туѓи судови и потврди за она што планирате да го направите.
Не слушајте слепо – не слушајте и прифаќајте се што ви се сервира. Сами проценете ја ситуацијата и донесувајте заклучоци откако ќе ги разгледате сите детали.
Не се грижете – времето е драгоцено, па наместо да се грижите за сè и сешто мислете на иднината, наместо на ситниците.