На 2 јануари, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.
Според народното верување, она што ќе го правите и што ќе ви се случи на овој ден, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.
Од овој ден почнува да расте денот и почнуваат вистинските бадникови и божиќни обичаи и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник.
За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Според народните верувања, каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.
Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.
Се верува дека на овој ден не е добро да позајмувате некому пари, за парите да не ви одат од куќата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.