До март се очекува да биде готова вакцината која ќе штити од новиот сој омикрон.
Директорот на фармацевтската компанија „Фајзер“, Алберт Бурла, истакна дека вакцинирањето со четвртата доза од вакцината против коронавирус може да се случи многу порано од очекуваното.
Тој во изјава за ЦНБЦ рече дека прелиминарните податоци од истражувањето покажуваат дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ не обезбедува заштита од сојот омикрон.
Бурла го изјави ова откако „Фајзер“ соопшти дека три дози од вакцината го зголемуваат имунитетот против новиот сој. Од „Фајзер“ известуваат дека ќе направат вакцина која ќе биде ефикасна против сојот омикрон до март следната година.
Ќе направиме истражување за тоа каков имунитет се добива со вакцинација со три дози и колку долго трае. Мислам дека ќе биде потребна вакцинација и со четврта доза. Меѓутоа, треба да почекаме малку. Можеби ќе треба да реагираме брзо – вели директорот на компанијата „Фајзер“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.