Денеска во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Кавадарчанец удирал сограѓанин со пиштол по главата е превземен од МАКФАКС.