Полицијата запре „бмв“ управувано од Р.С. од Кавадарци и привремено го одзеде поради создавање на бучава.

Според информацијата на полицијата, возачот бил сопрен поради претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.

Во станица за технички преглед било извршено мерење на бучава и утврдено дека е над дозволената, велат од МВР.

Возилото е привремено одземено на период од 90 дена.

Текстот Кавадарчанец со „бмв“ дрифтал низ улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава е превземен од МАКФАКС.