Украинскиот претседател Володимир Зеленски не го разреши врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, изјави прес-секретарот на претседателот Сергиј Никифоров во коментар за Укринформ.
„Нема тема за разговор. Го побивам отказот на Залужни“, рече Никифоров.
Доцна во понеделникот, на 29 јануари, неколку Телеграм канали објавија дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, бил разрешен од функцијата.
Имаше информации и за разрешување на министерот за одбрана Рустем Умеров. Украинското Министерство за одбрана ги отфрли наводите, велејќи:
„Не, тоа не е точно“.
Лажната вест за смената на Залужни побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни.
Некои дури го објавија и името на наследникот на Залужни, секако од извори блиски на властите во Кремљ, рускиот пропагандистички канал РИА Новости.
Само мал дел од нив собраа сили за да го објават демантот на дезинформацијата која самите ја објавија.
Драган Мишев