Шефицата на одделот за човечки ресурси во американската технолошка компанија „Астрономер“, Кристин Кабот, поднесе оставка откако беше снимена како го прегрнува сега веќе поранешниот извршен директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.

Компанијата потврди за Би-Би-Си дека Кристин Кабот повеќе не работи во „Астрономер“, само неколку дена откако Енди Бајрон, исто така, поднесе оставка. Неговото заминување дојде откако „Астрономер“ објави дека ќе биде ставен на отсуство и под истрага.

@ctvnews CEO and colleague caught on camera at Coldplay concert Coldplay singer Chris Martin may have caused an awkward moment when he commented on a CEO embracing a colleague at the band’s show in Boston. #news #ctvnews #coldplay #ceo #boston ♬ original sound – CTVNews

Скандал што го обиколи светот

Скандалот што доведе до вакви последици се случи на 16 јули на концерт на „Колдплеј“ во Бостон. Во тоа време, Бајрон и Кабот беа прикажани на големиот екран на „Кис Кам“, додека стоеја во публиката, прегрнувајќи се.

Кога сфатија дека се во кадарот, двајцата одеднаш се повлекоа назад и се обидоа да ги сокријат лицата, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.

Ситуацијата дополнително ја зачини пејачот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува со публиката: „Погледнете ги! Или имаат афера или се навистина срамежливи“.

Последиците од аферата

Енди Бајрон беше првиот што се соочи со последиците од своето неверство – прво неговата сопруга Меган го избриша неговото презиме од социјалните мрежи, а потоа, откако неговата милијардерска компанија „Астрономер“ започна внатрешна истрага, тој самиот поднесе оставка од функцијата извршен директор.

Фото: Принтскрин

Текстот И шефицата на одделот за човечки ресурси поднесе оставка, по мегаскандалот на концертот на „Колдплеј“ е превземен од МАКФАКС.