Арсенал забележа загуба од 21,4 милиони евра во текот на сезоната 2023/24, и покрај рекордните приходи, кои изнесуваат околу 745 милиони евра, објави клубот во финансискиот извештај.
Враќањето на лондонскиот клуб во Лигата на шампионите ги зголеми приходите, кои пораснаа од 564 на 745 милиони евра.
А сето тоа благодарение на учеството во елитното европско клупско натпреварување, приходите од ТВ правата исто така се зголемени за околу 86 милиони евра.
Сепак, платите на играчите и вработените се зголемила од 284 милиони на 396 милиони евра во истиот период, што ги објаснува настанатите загуби.
Текстот И покрај рекордните приходи Арсенал во минус од 21,4 милиони е превземен од МАКФАКС.