Бројот на заразени од ковид-19 во Шангај и натаму расте, и покрај рестриктивните мерки за затворање, соопштија денеска властите, а пренесе агенцијата ДПА.
Шангај е центар на најголемиот ковид бран во Кина од почетокот на пандемијата.
Вчера биле пријавени 26 330 нови случаи, се наведува во извештајот. Сепак, најголем дел од случаите се асимптоматски.
И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, населението од 26 милиони во областа на Шангај и натаму продолжува да живее под полициски час.
На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови, но најголем дел од продавниците остануваат затворени.
Во Шангај, како што наведува ДПА, расте и незадоволството затоа што нема доволно резерви на храна, има проблеми со медицинска нега и слично.