реклама

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска трчаше на Виз Ер Скопски маратон.

За својата акција тој се пофали и на својот Фејсбук профил каде посочи дека истрчал 21 километар за 1 час и 47 минути.

реклама

„Со истрчани 21 километар за 1час и 47 мин. финиширав на денешниот маратон #WizzAirSkopski Maraton. Пријателска, натпреварувачка и позитивна атмосфера, а поддршката од громогласните навивачи допринесоа денот да биде уште поубав. Честитики до сите учесници и одличната организација“, напиша Николовски.

реклама