Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за КОВИД-19. Според ИЈЗ, доколку се појави текшка алергиска реакција откако се примила вакцината, не треба да се добие втора доза од Модерна или Фазјер.
Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против КОВИД-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина. Вообичаени несакани ефекти: се болка црвенило, оток, замор, главоболка, треска, гадење и мускулна болка. Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со КОВИД-19 се ретки, скоро и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против КОВИД-19 не треба да добие втора доза од која било од вакцините mRNA КОВИД -19 (Moderna или Pfizer-BioNTech), соопштува ИЈЗ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.