Фото/ facebook.com/rfmofficial
Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин.
Натпреварот заврши со победа на Холандија 37:32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш се повлекоа во соблекувалната.
ИХФ соопшти дека Ракометната федерација на Македонија е казнета со 10.000 швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи. Со 10 швајцарски франци е казнет и Ракометниот сојуз на Хрватска како организатор на натпреварот.
Во соопштението ИХФ потенцира дека дека секој сличен инцидент ќе значи бркање на македонските навивачи од натпреварите, а Хрватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.
ИХФ му налоѓи на организаторот , да го затвори просторот за гледачи зад тимските клупи.
Текстот ИХФ парично го казни РФМ и ја предупреди Македонија дека може да игра и без публика на СП е превземен од МАКФАКС.