Италија ќе се соочи со Македонија во „Плеј оф“ фазата од квалификациите за Светското Првенство Катар 2022 и смета дека поддршката од јавноста е од витално значење.
Така, FIGC упати барање до италијанската влада за стадионот во Палермо, „Стадио Барбера“ да биде достапен со 100% од неговиот капацитет.
Билетите се веќе распродадени за натпреварот кој се игра на Сицилија, но билетите се пуштени во продажба само за 75% од капацитетот.
Репрезентацијата на Италија бара да им бидат дозволени преостанатите 25%, за уште повеќе да ги мотивира играчите. Властите одлучија да стават достапни само 75% од билетите, поради причини поврзани со КОВИД-19.