Фото/ facebook.com/rfmofficial
Попладнево започнува 29.Светско првенство во ракомет. Мундијалот, чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка, во 17.30 часот ќе го отвори натпреварот меѓу Италија и Тунис. Македонија првиот меч на СП ќе го одигра утре во Вараждин против Унгарија. Противници на нашата репрезентација во Д груата ќе бидат и Холандија односно Гвинеја.
32 репрезентации поделени во осум групи учествуваат на Светското првенство кое ќе заврши на 2.февруари.
Денеска на Мундијалот првите натпревари ќе ги одиграат и големите фаворити Данска и Франција. Фрнацузите од 18 часот играат против Катар, а Данска во 20.30 че го започне натпреварот против Алжир.
Групи за СП:
Група А (Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија.
Група Б (Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.
Група Ц (Пореч): Австрија, Франција, Кувајт, Катар.
Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија, Холандија, Гвинеја.
Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка, Бразил.
Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.
Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски Острови.
Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.
Македонија утре против Унгарија ќе игра во ударниот термин од 20.30 часот, два дена подоцна, во терминот од 18 часот избраниците на Кире Лазаров ќе играат против Холандија, а првата фаза ќе ја завршат со натпреварот против Гвинеја на 19. јануари од 18 часот.
Текстот Италија и Тунис ќе го отворат ракометниот Мундијал, Македонија игра утре против Унгарија е превземен од МАКФАКС.