Фудбалската селекција на Италија е вториот учесник во големото финале на Светското првенство за фудбалери до 20 години.
Во вториот полуфинален дуел, одигран на аргентинско тло, младите „аѕури“ со минимални 2-1 ја совладаа Јужна Кореја, а по натпреварот сите зборуваат за велемајсторијата на големиот италијански талент Симоне Пафунди.
17-годишниот ас на Удинезе само што влезе во игра изведе „магија“ од слободен удар и со прекрасен погодок во 86. минута ги постави конечните 2-1.
Претходно, во листата на стрелците се запишаа уште Касадеи за Италија и Ли за Јужна Кореја. Во големото финале, кое што е прво за младите Италијанци во историјата, противник ќе им биде Уругвај, селекција која што со 1-0 славеше над Израел во првото полуфинале