Италија ризикува да изгуби околу 20 проценти од своите плажи до 2050 година и 40 проценти до 2100 година поради покачување на нивото на морето, поврзано со климатската криза и други фактори, како што се ризиците од поплави и ерозија на почвата, според извештајот на Италијанското географско друштво „Потопени предели“.
Во него се наведува дека загрозените области ги вклучуваат северниот јадрански брег, плажите Гаргана во Апулија, неколку делови од тиренскиот брег помеѓу Тоскана и Кампанија и областите Каљари и Ористано во Сардинија, објавува Анса.
Половина од националната пристанишна инфраструктура, повеќе од 10 проценти од земјоделското земјиште и таканаречените „амфибиски“ крајбрежни области, почнувајќи од делтата на реката По и венецијанската лагуна, се исто така во опасност.
Фото: принтскрин
Текстот Италија би можела да изгуби 40 проценти од своите плажи до крајот на векот поради покачување на нивото на морето е превземен од МАКФАКС.






















