Македонскиот фудбалер Езџан Алиоски си замина од Премиер лигата и ја продолжи кариерата на Саудиска Арабија.
Од Лидс Јунајтед, 29-годишникот се пресели во редовите на Ал-Ахли. Таму ги доби посакуваните услови, откако не успеа да се договори со англискиот тим во текот на летниот преоден рок.
Италијанска „L’Arena“ пишува дека нашиот репрезентативец е посакуван од страна на Верона. Калчолигашот се надева на соработка со дефанзивецот уште во јануари. Екипата предводена од Игор Тудор стои на дванаесеттото место во Серија А во моментов и заостанува само осум бода зад европските места, со еден натпревар помалку во однос на конкурентите.
Клубот бара засилување оваа зима и сака да донесе играч кој оперира на левата бековска позиција. Алиоски се наметна како мета и клубот размислува дали да достави понуда за него.