Двегодишното девојче Дуња Марковиќ исчезна вчера попладне, околу 14 часот во Уб, Србија.
Полицијата го активираше системот „Најди ме“. „На 03.03.2025 година околу 14 часот во Уб исчезна 2-годишно девојче. Повеќе информации на pronađime.mup.gov.rs. Секоја информација што ја имате пријавете ја на 192“, се наведува во СМС пораката испратена до сите граѓани на Србија.
Исчезнатото девојче има кафена коса, кафени очи и е висока околу еден метар. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше сива тренерка и сив дуксер. Местото на исчезнувањето било наведено како улица 8-ми Март.
Телеграф пишува дека во моментот на нејзиното исчезнување била со нејзините постари браќа, момчиња кои се во прво и второ одделение.
Како што неофицијално дознава Телеграф, таткото на Дуња бил на работа во моментот на нејзиното исчезнување, а иако првично се мислело дека нејзината мајка е на работа, се испоставило дека таа била на погреб.
Телеграф пишува дека во потрагата по девојчето се распоредени дронови, пристигнале и членови на планинската спасувачка служба и кучиња обучени за потрага.
Припадниците на планинската спасувачка служба користат термални камери при потрагата по девојчето, а според последните информации во потрагата по девојчето се вклучиле и ловџии.
Текстот Исчезна двегодишно девојче во Србија: ја бараат со дронови, вклучени се и кучиња обучени за потрага е превземен од МАКФАКС.