Обичајот да се истури вода зад некого на кој му посакуваме успех датира од античко време. Фрлањето или истурањето вода е народен обичај и кај нас.

Според верувањето, истурање вода на човек кој оди на пат или работи, носи среќа и се прави за да ја заврши работата или патувањето среќно.

Се практикува и при одење на училиште, на испит, интервју за работа, одење во војска и слично.

Етнолозите сметаат дека истурената, односно проточна вода симболизира подвижност, леснотија на движење, дека не застанува и не заглавува, а со препишување на вода изгледа нечија работа оди подеднакво како истурената вода.

Во самиот чин на истурање вода, во некои делови се вели: „Нека биде чиста и бистра како вода!“