Во германската покраина Заксен-Анхалт, 29 отсто од починатите, кои се на списокот на починати како последица на коронавирусот, не умреле поради тој вирус, покажува истражувањето објавено во дневниот весник „Билд”.
Во Германија, секој починат заразен со коронавирусот е наведен во статистиката како починат од вирусот.
Сепак, статистиката не покажува дали смртта е последица на инфекција со коронавирус, па една студија откри податоци за пациенти кои не починале од Ковид-19.
Во Захсен Анхалт речиси една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести.
Кај 64 отсто, Ковид е причина за смрт, а за останатите шест отсто, причината е непозната.
Во другите покраини постигнат е поинаков резултат, а во Баден-Виртенберг и Зарланд, 90 проценти од смртните случаи од Ковид се починаа токму поради коронавирусот.
Во Баварија бројот на починати од вирусот, а се регистрирани како смртни случаи од Ковид е 84 отсто.
Бројката не е позната за цела Германија, наведува „Билд”, а од Институтот „Роберт Кох” истакнуваат дека коронавирусот во најголем број случаи е причина за смртта.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.