Истакнатиот демократски конгресмен Шиф јавно го повика Бајден да се откаже од претседателската  трка

КОнгресменот Адам Шиф во средата стана најистакнатиот избран демократ кој јавно го повика претседателот Џо Бајден да се откаже од претседателската трка.

Најавата на Шиф, кој се кандидира за американскиот Сенат во Калифорнија, го прави првиот демократ кој го повика Бајден да се повлече по неуспешниот обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп во текот на викендот. Повикот на Шиф, исто така, е забележлив бидејќи тој, за разлика од многу други демократи кои досега јавно го повикаа Бајден да се откаже, не е во одлучувачките окрузи и е близок со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, пренесува Си-ен-ен.

„Иако изборот да се повлече од кампањата е само на претседателот Бајден, верувам дека е време тој да го ппредаде факелот. И со тоа, да го осигура своето наследство на лидер, дозволувајќи ни да го победиме Доналд Трамп на претстојните избори“, се вели во изјавата на Шиф.

Демократот од Калифорнија служеше како менаџер за импичмент за време на едно од отповикувањеата на Трамп и беше еден од најострите критичари на поранешниот претседател. Во својата изјава, Шиф го пофали наследството на Бајден, но додаде: „нашата нација е на крстопат“.

„Второто претседателство на Трамп ќе го поткопа самиот темел на нашата демократија и имам сериозна загриженост дали претседателот може да го победи Доналд Трамп во ноември“, продолжи тој.

Претходно, како последица на катастрофалниот настап на Бајден во дебатата за Си-Ен-Ен минатиот месец, Шиф отиде само дотаму што рече дека претседателот „треба да одвои момент за да донесе најдобро информирана пресуда“ за иднината на неговата кампања.

Официјален претставник на кампањата на Бајден одговори на повикот од Шиф, укажувајќи на писмото од 8 јули од Бајден до конгресните демократи во кое се забележува неговата намера да остане во трката, заедно со неговата поддршка од демократските пратеници, како претседателката на шпанската група на Конгресот, Нанет Бараган, меѓу другите.

Демократската партија и понатаму е вознемирена за патот напред поради стравувањата дека, во светлината на дебатата, Бајден не може да го победи Трамп и ризикува да ги повлече демократите со себе во ноември. Претходно во средата, Си-Ен-Ен објави дека Демократскиот национален комитет продолжува со својот контроверзен план практично да го номинира Бајден пред Демократската конвенција во Чикаго следниот месец – игнорирајќи ги зголемените повици од некои од избраните функционери на партијата да се откаже од таа стратегија со оглед на сериозните тековни дебата за тоа дали претседателот треба да продолжи да бара втор мандат.

Подготви: Драган Мишев