Лидс соопшти дека му дале отказ на Хави Гарсија и го назначуваат искусниот Сем Алардајс за тренер до крајот на сезоната. По само 12 натпревари на кормилото, Лидс му врачи отказ на Хави Гарсија поради лошите резултати кои ги имаше тимот.
Клубот потврди дека во преостанатите четири натпревари Сем Алардајс ќе биде нов тренер на тимот. Според англиските медиуми, Алардајс ќе добие плата од 500.000 фунти за овој период, но ќе добие бонус од 2.5 милиони фунти доколку Лидс остане во Премиерлигата.
Лидс во моментов е на 17. место на табелата во Премиерлигата, има ист број бодови како и Нотингем форест кој е последниот во зоната за испаѓање. Борбата за опстанок во Англија ќе биде исклучително неизвесна.