Македонскиот прволигаш Брера, како што во овој период се трансформира Академија Пандев, ќе треба значително да се потруди на трансфер маркетот, со оглед дека од струмичкиот прволигаш заминаа неколку фудбалери.
Најновото заминување е Бурхан Мустафа. Искусниот голман дојде од редовите на Гостивар, но и не доби многу шанси да биде стартер. Брера со промените во сопственичката структура најави дека има големи амбиции за новата сезона, но допрва ќе треба да ги реализира.