Српската пејачка Барбара Бобак, настапи синоќа, на 28 март, во Загреб.

За време на нејзиниот настап во клубот, додека беа вклучени огнените прскалки, Барбара реагираше и меѓу стиховите рече: „Исклучете го ова“.

Реакцијата е поради трагедијата во Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар во дискотека. Меѓу загинатите има и членови на популарниот бенд ДНК, пишува српски „Телеграф“.

Со оглед на сериозноста на настанот, Барбара сакала да избегне слична ситуација, потсетувајќи ги сите на одговорноста за безбедноста за време на забавата.

И петходно Барбара Бобак, дента кога се случи трагедијата во Кочани, изрази загриженост за употребата на пиротехнички средства.

„Ужас, не можев да поверувам, тоа беше првото нешто што го прочитав кога се разбудив. Ми беше многу тешко, особено затоа што дури подоцна сфатив дека тоа се случило, колку што можев да видам, поради тие проклети огномети, кои ме тераат да врескам и никогаш да не ги пуштам. Тоа е ѓубре, и тие се очигледно опасни, многу ми е жал, јас сум отсутна, не знам што да кажам. Мислам дека треба да се воведе закон за забрана на пиротехника“, изјави на 16 март пејачката за „Блиц“.

„Телеграф“ потсети и дека меѓу оние што го преживеаја пожарот во Македонија, многумина се префрлени во болниците во Србија. Трагедијата длабоко ја потресе и пошироката јавност, потсетувајќи на важноста од обезбедување безбедност на јавни места, што Барбара, како што пишува „Телеграф“, не сакала да го занемари.

Текстот „Исклучете го ова!“ – на настап на српска пејачка активирана пиротехника, таа веднаш јавно реагираше е превземен од МАКФАКС.