Иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштиани упати строго предупредување до секоја земја што ќе дозволи Израел да го користи нејзиниот воздушен простор или територија за да го нападне Иран, велејќи дека ќе се соочи со решителен одговор, пренесува Тајмс оф Израел.
„Секоја земја што ќе го отвори својот воздушен простор или земја за Израел со цел да го нападне Иран, ќе го добие нашиот решителен одговор“, соопшти државната новинска агенција ИРНА.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика итен состанок на воениот кабинет со врховниот воен штаб во Тел Авив. На средбата се присутни министерот за одбрана Јоав Галант, министерот Бени Ганц, шефот на ИДФ Херцли Халеви, советникот за национална безбедност Цачи Ханегби и други високи функционери.
Israeli War Cabinet convenes. pic.twitter.com/NPWgaJ4WdK
— Clash Report (@clashreport) April 13, 2024
Израелските одбранбени сили соопштија дека се огласиле и првите сирени во северниот дел на Израел.
Г. Т.