Израелските медиуми објавија дека Иран вечерва лансирал беспилотни летала кон Израел. Тоа го потврди и портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари.
Во јавното обраќање тој ги предупреди граѓаните кога ќе слушнат сирени да тргнат кон засолништата и таму да чекаат за дополнителни информации, како и да се информираат исклучиво преку официјални канали и да не се шират гласини. Хагари истакна дека на беспилотните летала им треба малку време да стигнат до Израел и се очекуваат за неколку часа.
Пензионираниот генерал Амос Јадлин за израелскиот Канал 12 изјави дека беспилотните летала се опремени со по 20 килограми експлозив и дека израелската противвоздушна одбрана е подготвена да ги собори.
Досега, израелската војска идентификувала повеќе од 100 беспилотни летала лансирани од Иран кон Израел, објави Тајмс од Израел.
Израелските воздухопловни сили ги следат беспилотните летала и се подготвуваат за дополнителни бранови напади, кои може да вклучуваат и проектили.
Десетици борбени авиони на ИАФ во моментов се на небото и се подготвени да нападнат секаде каде што е потребно, според израелските одбранбени сили (ИДФ).
Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари во своето јавно обраќање истакна дека „заедно со нашите партнери, ИДФ работи со полна сила за да ја брани државата Израел – и народот на Израел. Ова е мисија што сме решени и подготвени да ја исполниме“.
“Together with our partners, the IDF is operating at full force to defend the State of Israel—and the people of Israel. This is a mission that we are determined and ready to fulfill.”
IDF Spokesperson RAdm. Daniel Hagari on the current attack from Iran: pic.twitter.com/rjNqLPFs9X
— Israel Defense Forces (@IDF) April 13, 2024
Претходно, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи објави видео на Твитер во кое ветува дека злонамерниот ционистички режим на Израел ќе биде казнет.
„Овој злонамерен режим додаде уште една грешка на своите грешки со нападот на иранскиот конзулат во Сирија. Конзулатите и амбасадите во која било земја каде што постојат се сметаат за територија на земјата на која и припаѓа амбасадата. Нападот на нашиот конзулат е како напад на нашата територија. Злонамерниот режим направи погрешен потег во овој случај, и ќе биде казнет“, порача Хамнеи.
The malicious Zionist regime will be punished pic.twitter.com/2miQi2JoiI
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) April 13, 2024
Г. Т.