Иранскиот парламент денес негираше дека разгледува закон за повлекување на Техеран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП) како форма на одговор на израелските напади, објави иранската новинска агенција Мехр.
„Извештаите во медиумите за ова прашање не одговараат на реалноста“, се вели во соопштението на парламентот.
Порано денес, „Ројтерс“ објави дека портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаи, изјавил дека парламентот на земјата подготвува закон за повлекување на Техеран од ННП.
Багаи рече дека Техеран сè уште се спротивставува на развојот на оружје за масовно уништување, објави „Ројтерс“.
Израел, кој не го потпишал глобалниот Договор за неширење на нуклеарно оружје (ННП), објави дека има за цел да го спречи Иран да развива атомско оружје.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во четврток усвои резолуција во која се наведува дека Иран ги крши своите обврски според ННП.
Се верува дека Израел поседува нуклеарно оружје, според британската агенција.
Текстот Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од Договорот за неширење на нуклеарно оружје е превземен од МАКФАКС.