Иранската влада планира да го зголеми воениот буџет за речиси двесте отсто, изјави портпаролката на иранската влада, Фатеме Мохаџерани, пренесоа денеска иранските медиуми.
Мохаџерани рече дека е планирано значително зголемување од 200 отсто за буџетските распределби за одбраната, пренесе „Ројтерс“ наведувајќи дека планираното зголемување на средствата за одбраната е вклучено во предлог-буџетот што иранската влада го достави до парламентот на одобрување.
Израел го нападна Иран во саботата како одмазда за иранскиот ракетен напад на израелска територија на 1 октомври. Техеран во понеделникот соопшти дека „ќе ги искористи сите достапни алатки“ за да одговори на нападот на израелската армија врз воени цели во Иран во саботата.
Иран ја поддржува либанската милитантна група Хезболах, која се бори против Израел од почетокот на судирите во Појасот Газа, а ја поддржува и палестинската милитантна група Хамас, која почна напад врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, означувајќи го почетокот на конфликтот во палестинската енклава, пренесува „Танјуг“.
Текстот Иранската влада: Планираме да го зголемиме воениот буџет за речиси 200 отсто е превземен од МАКФАКС.