Маж вооружен со нож е уапсен денес во близина на амбасадата на САД во Токио, објавија јапонските медиуми, а инцидентот се случил неколку дена пред планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на јапонската престолнина.
Еден полицаец е повреден во нападот, но степенот на неговите повреди е непознат, објави TBS News, според полициски извори.
Мотивот за нападот засега е непознат.
Трамп ќе се сретне со јапонскиот цар Нарухито и новоизбраниот премиер Санае Такаичи за време на неговиот престој во Јапонија од 27 до 29 октомври, објави јапонската влада, според Ројтерс.
Полициската управа во Токио мобилизирала дополнителни 18.000 луѓе за да ја зголеми безбедноста за време на посетата, објави претходно Kyodo News.
Фото: принтскрин
Текстот Инцидент пред посетата на Трамп: маж нападна полицаец со нож во близина на американската амбасада во Токио е превземен од МАКФАКС.























