Ал Џезира објави инфографик со нови податоци за ужасот во Појасот Газа. Податоците, како што се наведува во инфографикот на Ал Џезира, се од Министерството за здравство на Газа, Палестинската Црвена полумесечина, израелската армија и Израелската агенција за социјална сигурност.
Според најновите податоци, од 7 октомври 2023 до 8 февруари 2024, убиени се најмалку 27.840 Палестинци, од кои најмалку 12.500 се деца. Исто така, алармантен е податокот дека најмалку 7.000 деца се водат како исчезнати.
Ранети се најмалку 67.317 Палестинци, од кои најмалку 8.663 се деца.
Во Западниот Брег, убиени се најмалку 388 Палестинци, меѓу кои 102 деца, додека ранети се 4.450 луѓе.
Најновите разорни дејствија започнаа по нападот на Хамас во јужните делови на Израел кога на 7 октомври минатата година животот го изгубија најмалку 1.139 Израелци, а повеќе од 240 беа киднапирани.
Непријателствата продолжуваат на Газа ѝ се заканува нова офанзива на израелската војска во јужните делови на Појасот Газа.
Дескот на ЦИВИЛ МЕДИА