Постојат неколку видови инфекции со кандида – на уста, грло и хранопровод, на гениталии, како и инвазивна кандидијаза која може да биде поопасна, а генерално се јавува кај лица кои веќе страдаат од други здравствени проблеми.
Постојат неколку ризични фактори за појава на инвазивна кандидијаза:
* Долг престој во болница
* Ослабен имунитет
* Неодамнешна операција
* Земање големо количество антибиотици
* Проблеми со бубрезите
* Дијабетес
* Предвремено родени бебиња
Постојат некои работи што можете да ги направите ако сте во ризична група за да се заштитите.
Ако сте во болница, секогаш кажувајте им на лекарите ако почувствувате необични симптоми. Истовремено, редовно мијте ги рацете.
Ако сте во ризична група, најверојатно самите лекари да ви препишат одредени лекови што го намалуваат ризикот од инфекција.
Постојат и други (поретки) видови кандидијаза. Затоа, ако забележите какви било симптоми, секогаш консултирајте се со лекар за да добиете соодветна дијагноза и соодветна терапија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.