Сезоната 2024/25 започна пред неполни три месеци, а челниците на Интер веќе размислуваат за чекорите што треба да ги преземат следната сезона.
Интер планира промени во нападот. На Марко Арнаутовиќ и Хоакин Кореа им истекуваат договорите и сигурно е дека тие ќе го напуштат клубот.
На „Џузепе Меаца“ прават сериозни планови за дао донесат напаѓачот на Лил Џонатан Дејвид. Репрезентативецт на Канада по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч. Во фудбалскиот свет е познато дека спортскиот директор на Интер, Бепе Марота е мајстор за реализиција на вакви трансфери.
Но, и покрај тоа што нема да мора да плати отштета, операцијата нема да биде евтина.
Италијанските медиуми пренесуваат дека шампионот на Италија се подготвува за сериозна распродажба. Интер е подготвен да го продаде Маркус Тирам и покрај тоа што францускиот репрезентативец игра во извонреда форма од полетокот на сезоната.
Наводно Интер за него бара 85 милиони евра.
Тирам минатото лето пристигна како слободен играч, а договорот му истекува во 2028 година.
Текстот Интер ќе го продава Турам за да го донесе Дејвид е превземен од МАКФАКС.