Интер загуби од Рома во 34. коло од Серија А на „Џузепе Меаца“ и со тоа му ја отстапи пол-позицијата на Наполи во борбата за титулата.

Избраниците на Симоне Инзаги одиграа лош натпревар и кон средината на следната недела ќе се борат за финалето во Лигата на шампионите против Барселона.

Во првото полувреме потценување е да се каже дека Рома беше подобриот противник. Сосема заслужено „Вучица“ поведе во 22. минута откако одбраната на „нероазурите“ беше летаргична. Шомуродов му додаде на Суле кој го провери Зомер.

Текстот Интер ја совлада Рома и му го даде првото место на Наполи „на чинија“ е превземен од МАКФАКС.